ПРОЕКТ БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е самостоен и независен орган кој работи во согласност со надлежностите утврдени со Законот за спречување и заштита од дискриминација. 


ВИЗИЈА

Комисијата за заштита од дискриминација е двигател на позитивни промени за суштествена еднаквост, промоција на човекови права и елиминирање на сите видови дискриминација која ужива голема доверба кај граѓаните.


МИСИЈА

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е независно, професионално, ефективно и ефикасно, проактивно, транспарентно и достапно тело кое одговара на потребите на граѓаните за заштита и промоција на нивните права.


ПРОЕКТ БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА


Проектот има за цел градење на силна и професионална Комисија за да овозможи независна работа на институцијата со цел да се заштитат правата и слободите на граѓаните и даваат активен придонес за градење еднакви можности и пристап до ресурси за сите.


Проектот го реализира Центар за управување со промени (ЦУП) во соработка со Комисија за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

British Embassy Logo
UKAid Logo
CUP Logo
KSZD Logo
Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на КСЗД“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразува секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.