Во IV-3 одделение дојде нов ученик. Наставничката го претстави како Миле, кој се доселил со своето семејство од едно село во Осоговските Планини. На децата им беше необичен: неговата облека беше многу поинаква од она што тие обично го носеа, неговата фризура беше различна од нивните, а и начинот на кој зборуваше не се вклопуваше во зборувањето на кое тие беа навикнати. Децата го избегнуваа.